Тетрис Куќата овозможува речиси бесконечен опсег на конфигурации со додавање или отстранување на основни модули од 4m x 4m во која било насока — хоризонтално, вертикално или дури сложени, исто како структурата на Тетрис. Оваа флексибилност овозможува системот да ги задоволи различните потреби на клиентите и да се прилагоди на различните ограничувања на градежната парцела, правејќи го погоден за широк спектар на намени, вклучувајќи постојани резиденции, привремени домови или викенд куќи.
‘Tetris House’ е бренд продуциран од архитектонското студио Воларт.
Воларт е мултидисциплинарна архитектонска компанија, основана во Април 2021, од страна на двајца партнери, архитекти, Симон Папеш и Ратко Димитриевски. Сочинуваме тим од професионалци, архитекти, дизајнери и CG уметници. Продуцираме архитектура, ентериери, дизајн на производи и 3D визуелиазции. Длабоко веруваме дека добра архитектура, квалитетно урбано планирање и современдизајн се главните фактори на формирање на едно општество, култура и енергија. Апропо, нашите проекти секогаш се посветени, ги достигнат очекувањата и современоста на 21 век, додека истовремено “вајаат” индивидуална Воларт-овска естетика за секој клиент посебно.
Дизајнерскиот пристап кон секој проект е единствен. Го генерираме истиот по сумирање на желбите на клиентот, посебностите на локацијата, адекватните материјали и буџетот даден на располагање. На овој начин проектот ја штити етиката на градење, секогаш добива современа аестетика и реална економска динамика, како еден несомнено присутен сегмент во капитализмот и конзумеризмот во кој креираме. Така, финалниот продукт е на висина на задачата да испорача резултати кај техничките и естетските равенки, и секако, да ги задоволи индивидуалните желби.
Контекст е многу важен параметар во нашата работа. Вложуваме многу труд во постигнување правилна комуникација помеѓу средината во која интервенираме и волуменот и конструкцијата со која интервенираме.